Embryolisse Intense Lift Eye Cream интензивен крем за околу очи 15ml
- Шифра: 0031707
- Производител: Embryolisse
Embryolisse Intense Lift Eye Cream интензивен крем за околу очи 15ml.
Интензивен лифтинг крем од цвет од костен, го реобновува пределот околу очите, ги измазнува и ги пополнува брчките околу очите. Неговата формула го намалува изгледот на уморна кожа, овозможувајќи видлив лифтинг ефект. Ги подигнува и затегнува очните капаци и ги намалува темните кругови и подочници. Очите се одморени со впечатлив изглед со забележлива свежина и виталност. Текстурата е идеална како подлога за шминка. Може да се нанесува на контурите на усните.
Дерматолошки и офталмолошки тестирано.
Главни активни состојки: Хијалуронска киселина, екстракт од цвет од костен, масло од ноќниче. Без мирис.
Употреба: Нанесете наутро и навечер во пределот околу очите и очните капаци. За лифтинг ефект на очните капаци нанесувајте со кружни движења од внатре кон надвор продолжувајќи кон врвот на веѓите. Соодветно за чувствителниот предел околу очите.