Ginkgo Vital 3 капсули, 30 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ginkgo Vital 3 капсули, 30 капсули


  • Шифра: 0016416
  • Производител: HealthAid
1.210 ден.

Ginkgo Vital 3 капсули, 30 капсули.

Ginkgo Vital 3 капсулите се комбинација од екстракти од гинко билоба, корејски женшен и сибирски женшен. Идеална комбинација за одржување на енергија, ментален капацитет и добра циркулација.

Гинкото содржи флавоноиди и трепеноиди кои како антиоксиданси спречуваат оштетување на клетките од слободните радикали, а со тоа и ги забавуваат ефектите на стареење.

Повеќе од 300 студии докажале дека гинкото  ја подобрува циркулацијата низ целото тело, особено во мозокот, со што ја штити и подобрува меморијата и менталната способност, дури и за луѓе со Алцхајмерова болест. Трепеноидите се тие кои ја подобруваат циркулацијата преку дилатација на крвните садови и ја спречуваат агрегацијата на тромбоцитите. Гинкото има широка упореба и се користи за деменција и алцхајмерова болест, интермитентна клаудикација, анксиозност, глауком и макуларна дегенерација, меморија и други когнитивни функции, невропатии предизвикани од дијабет, вртоглавици, главоболки, тинитус и уште многу други состојби.

Гинкото не се препорачува да се користи кај деца, трудници и доилки.

Корејскиот женшен е познат и му помага на  телото да се справи со менталниот и физички стрес што е и негово доминантно дејство. Корејскиот женшен се користи и при настинки и грип, а според клиничките студии докажано е дека го зголемува бројот на клетките од имунолошкиот систем и го подобрува имуниот одговор кон вирусите. Покрај ова е и антиоксидант што значи дека помага на телото да се ослободи од слободните радикали.

Многу од клиничките студии го покажуваат позитивниот ефект од комбинацијата на гинко билоба и корејски женшен на когнитивните способности како концентрација и меморија.

Се користи и за подобрување на физичката издржливост посебно кај спортисти. Корејскиот женшен се користи и за ослободување на симптомите на ПМС и за подобрување на либидото.

Состав: Ginkgo biloba 50:1 Extract (equivalent to 5000mg of Gingko Biloba raw powder) [standardised to 24% Flavone Glycosides & 6% Terpine Lactones] 100mg, SiberginTM Siberian Ginseng extract (5:1) 250mg, Koregin Korean Ginseng extract (5:1) in a base of soybean oil 150mg.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

Употреба:

Возрасни и деца над 18 години една капсула на ден по будење, да се причека 20 минуи пред да се почне со јадење.