INNOVAG вагинални таблети, 7 вагинални таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




INNOVAG вагинални таблети, 7 вагинални таблети


  • Шифра: 0021019
  • Производител: INNventa
600 ден.

INNOVAG вагинални таблети, 7 вагинални таблети.

Природно решение за бактериски и габични вагинални инфекции

Innovag® вагиналните овули со своето заштитно, обновувачко и смирувачко дејство се препорачуваат за третман и превенција на вагиноза, бактериски и габичен вагинитис. Иновативната формулација со хлорхексидин овозможува силно антисептично дејство против бактерии и габи, а благодарение на присуството на природниот екстракт од прополис богат со полифеноли, млечна и хијалуронска киселина, Innovag® вагиналните овули ја поттикнуваат регенерацијата на вагиналната слузокожа.

Состав

Активни состојки во 1 вагинална овула (2 g)

Натриум хијалуронат 4 mg
Екстракт од лист на алое (Aloe barbadensis L.) 2 mg
Екстракт од прополис (Pole S.) 4 mg
Токоферол ацетат (витамин Е) 1 mg
Млечна киселина 1,94 mg
Хлорхексидин хидрохлорид 1 mg

Терапевтски ефекти

Намалува воспаление и локални симптоми поврзани со бактериски и габични инфекции на вагината - пецкање, чешање, иритација, болка
Спречува раст и развој на микроорганизми
 

Создава заштитна бариера на површината од мукозата:

Регенерација на оштетено ткиво
Хидратација на вагинална мукоза
Стимулира локален имунитет
Ја обновува физиолошката микрофлора
Оптимизација на pH вредност на вагиналниот секрет
Превенција на вагинални инфекции
 

Зошто Innovag®?

-Превенира и лекува акутен и рекурентен бактериски и габичен вагинитис
-Намалува воспаление и симптоми како чешање, пецкање и непријатен мирис
-Спречува инфекции пред и после хируршки интервенции
-Ја регенерира и хидрира вагиналната мукоза и овозможува брзо зараснување на раните
-Ја обновува вагиналната микрофлора и одржува оптимална pH вредност на вагината
 

Индикации и времетраење на третман

-Превенција и лекување на вагиноза, бактериски и габичен вагинитис (7 дена)
-Превенција на рецидивни вагинални инфекции од бактериско и габично потекло (7 дена)
-Воспоставување и одржување на оптимална pH вредност на вагината (7 дена)
-Пред хируршки интервенции (според советите на лекарот)
-После хируршки интервенции (14 дена)

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!
 



Начин на употреба

Внимателно измијте ги рацете, извадете една вагинална овула и ставете ја длабоко во вагината во лежечка положба, пред спиење.

INNventa

INNventa