ICE POWER Cold гел 75ml
- Шифра: 0013544
- Производител: Fysioline, Finska
ICE POWER Cold гел 75ml.
Ice Power Cold Gel се користи за безбедно отстранување на болката, без примена на лекови што го прави соодветен да се користи за целото семејство.
Ice Power Cold Gel е соодветен за третман на:
– болки во вратот и рамењата
– главоболка, пропратена со мускулна тензија (притисок)
– болки во грбот, поврзани со мускулите
– болки при раст, кај деца
– невралгии (болки поврзани со нервите)
– рехабилитација и физички вежби
Ice Power Cold Gel содржи оптимална комбинација на ментол и етанол при што ги постигнува следниве ефекти при мускулната болка:
1. Ладење (Cooling) – ја намалува температурата на кожата за приближно 5-7 степени;
2. Контрола (Controlling) – делува на сензорните нерви за болка и системот за болка, преку намалување на температурата на кожата
3. Циркулација (Circulation)
Ефектот на ладење на Ice Power Cold Gel, настанува како резултат на првично намалување на циркулацијата на крвта. Потоа, после 15 минути, циркулацијата на крвта се зголемува (нормализира)
Како резултат на зголемувањето на циркулацијата на крвта, доаѓа до релаксирање на мускулите. Зголемувањето на циркулацијата на крвта, овозможува активирање на системот за само-заздравување и ја олеснува рехабилитацијата (обновата) на местото на повредата.
Како се употребува Ice Power Ладниот Гел (Ice Power Cold Gel)?
Нанесете доволна количина од Ice Power Ладниот Гел (Ice Power Cold Gel), 3-4 пати во текот на денот, на местото на повредата, се додека болката и дискомфортот не се ублажени. Оставете го гелот да се абсорбира, не масирајте!
Ice Power Ладниот Гел (Ice Power Cold Gel) се препорачува за деца над 6 години возраст. За деца над 2 години возраст, соодветна е Ice Power Ладна Крема (Ice Power Cold Creme). Ice Power Ладниот Гел (Ice Power Cold Gel) е соодветен за употреба за време на бременост и доење, и безбеден за истовремена употреба со антикоагуланси. Да се избегнува контакт со очите, мукозните мембрани (слузокожа) и отворени рани.