Mustela STELATOPIA емолиентен крем 200ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Mustela STELATOPIA емолиентен крем 200ml


  • Шифра: 0000403
  • Производител: Mustela
970 ден.

Mustela STELATOPIA емолиентен крем 200ml.

Се употребува за многу сува кожа на лице и тело,за сува кожа склона кон егземи кај новороденчиња,бебиња и деца. Може да се користи во комбинација со кортикостероиди за третман на атопична кожа по препорака на лекар или фармацевт.

Stelatopia емолиентниот крем е специјално формулиран: - го обновува нивото на липиди и ја смирува кожата благодарение на патентираните состојки од природно потекло низ Active Lipid Replenishing Process. Маслото од сончоглед ја стимулира биосинтезата на неопходните липиди кои обезбедуваат цврстина и непропустливост на одбрамбената клеточна мембрана.

Формулација која содржи 3 липиди неопходни за зачувување на заштитната бариера на кожата (церамиди, есенцијални масни киселини и прохолестерол), овозможува обновување на липидите. Присуството на хидрирачки емолиентни состојки исто така го зајакнува хидролипидниот филм на површината на кожата. Брзо ја смирува иритацијата и помага во обновување и враќање на еластичноста на кожата. Го одржува балансот на микробната флора на кожата и со тоа ја штити од бактериска пролиферација.

Резултатите од спроведените испитувања покажуваат дека по 3 недели од користење на производот, наутро и навечер, доаѓа до значително подобрување и ублажување на симптомите на атописки дерматитис, а исто така и до намалување на потребата за терапија од кортикостероиди.

Патентирани активни состојки од природно потекло. Не содржи мириси, бои. Без парабени. Тестирано на атопична кожа под надзор на дерматолог и педијатар.


ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!



Mustela

Mustela