Synergy BIOZYM-Q10 капсули, 30 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Synergy BIOZYM-Q10 капсули, 30 капсули


  • Шифра: 0013998
  • Производител: SYNERGY
932 ден.

Synergy BIOZYM-Q10 капсули, 30 капсули.

Состав: Synergy Biozym Q10 содржи 100 мг коензим Q10..

Коензим Q10 е есенцијален антиоксиданс кој е присутен во секоја клетка во организмот. Тој е неопходен за производство на енергија, а како антиоксиданс ги намалува штетните влијанија на слободните радикали кои се причинители за многу заболувања. Ги заштитува клетките од предвремено стареење и учествува во одржување на нормална функција на кардиоваскуларниот и нервниот систем. Има поволно влијание на имунитетот, а се користи и во профилакса на мигренозни болки.

Коензим Q10 го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања преку намалување на липидната пероксидација на LDL

Истражувањата покажале дека коензимот Q10 го намалува високиот крвен притисок

Помага во одржување на здрави нивоа на CoQ10 кај пациенти подложени на терапија со статини

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

Употреба: Една капсула дневно.