Hyaluron Riche SPF15 дневен крем 50ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Hyaluron Riche SPF15 дневен крем 50ml


  • Шифра: 0021092
  • Производител: Medipharma Cosmetics
695 ден.

Hyaluron Riche SPF15 дневен крем 50ml.

Со текот на годините, поради различни надворешни влијанија и намалено производство на ендогена хијалуронска киселина во кожата, се појавуваат се повеќе брчки, кожата ја губи својата природна влага. ХИЈАЛУРОН ДНЕВЕН КРЕМ RICHE SPF 15 специјално креирана за потребите на чувствителна, сува до многу сува кожа со Duo-Hyaluron-Complex и Натриум хијалуронат ги редуцира фините рани брчки и обезбедува интензивна хидратација. Содржи пантенол, масло од семе од сончоглед за дополнителна богата нега на кожата на лицето во текот на денот + SPF 15 за заштита од УВ зраци.

Клучни компоненти во составот:

Duo-Hyaluron-Complex - хијалуронска киселина со фармацевтски квалитет и хијалурон активен концентрат.

Пантенол - има смирувачки ефект, го намалува црвенилото на лицето и има хранлив ефект врз кожата на лицето.

Натриум хијалуронат - афинитет за врзување поголема количина на вода со што се овозможува хидрирање на кожата - еластичност, измазнување, помлад и поздрав изглед.

Масло од семе од сочоглед - е познато по содржината на масни киселини, кои го прават лицето свежо и хидрирано. Бидејќи има висок процент на ланолеинска киселина, која спречува дехидрација на лицето, ги прави образите да бидат цврст и нежни. Ова природно масло содржи омега 3 и омега 6 масни киселини, кои го зајакнуваат заштитниот слој на кожата и ја прават отпорна на надворешни влијанија. Отпорноста на лицето станува силно, што е важно за сува кожа која е склона кон егзема во зимските денови.

Заштитниот фактор SPF 15 - го спречува стареењето на кожата и штити од УВ зраци.

Богата (RICHE) нега на кожата + SPF 15

Со Duo-Hyaluron-Complex: хијалуронска киселина со фармацевтски квалитет и хијалурон активен концентрат

SPF 15 заштитува од предвременото стареење на кожата

Ги пополнува брчките од внатрешната страна на кожата

Ги редуцира фините рани брчки

Обезбедува интензивна хидратација

Ја стимулира природната синтеза на хијалуронската киселина во епидермисот

Ја компензира загубата на епидермалната хијалуронска киселина

Ја зајакнува природната заштитна бариера на кожата

Толеранцијата на кожата е дерматолошки тестирана

  *Богата текстура + SPF 15

*Идеална подлога за шминка

*Брзо се апсорбира

*Ја прави кожата мазна и сјајна

*Не масти

*Специјално креирана за потребите на чувствителна, сува до многу сува кожа

*Пријатен свеж мирис

*Без конзерванси

Апликација: Секое утро по чистење на лицето рамномерно нанесете од кремот на кожата на лицето, вратот и деколтето. Идеална подлога за шминка. Брзо се апсорбира без да остави масно чувство.

 ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!