Hyaluron нега за околу очи 15ml
- Шифра: 0021094
- Производител: Medipharma Cosmetics
Hyaluron нега за околу очи 15ml.
Ја хидрира сувата и сензитивна кожа околу очите. Фините рани брчки се измазнуваат, темните кругови и отоци се редуцираат. Хијалурон со фармацевтски квалитет во комбинација со Активен комплекс и ефектни пигменти –“Здраво Ефект на будење”. Ладење и деконгестивна нега на очите.
Клучни компоненти во составот:
Натриум хијалуронат - има афинитет за врзување поголема количина на вода со што се овозможува хидрирање на кожата и и дава еластичност, измазнување, помлад и поздрав изглед.
Глицерин - ја хидрира кожата и и дава сјај.
Екстракт од француска слива (Ente Plum) - е високо-олеинско масло (околу 70% олеинска киселина и 20% линолна киселина), што го прави маслото високо негувачко и хидратантно. Исто така, содржи релативно високи количини на антиоксидансот витамин Е, околу 700 ppm што е три пати повеќе отколку во маслиновото масло.
Без парфеми
Без парабени
Без минерални масла
Без конзерванси
За сите типови на кожа
Толеранцијата на кожата е дерматолошки тестирана
Нега на очи со 4 дејства во 1:
- Ефект на хидратација (со ефикасноста на хијалурон со фармацевтски квалитет)
- Измазнување на брчките
- Редуцирање и осветлување на темните кругови околу очите
- Редуцирање на отокот околу очите
Апликација: Нанесете секое утро и вечер, после чистење на кожата. Аплицирајте на сензитивната регија околу очите со лесно тапкање. Избегнувајте директен контакт со очите.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!