UtiBHP капсули, 30 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




UtiBHP капсули, 30 капсули


  • Шифра: 0021026
  • Производител: PHARMANOVA
710 ден.

UtiBHP капсули, 30 капсули.

UtiBHP капсулите содржат Plasys 300® и селен. Plasys 300® стандардизирана мешавина од сув екстракт од полен од 'рж (Secale cereale) и бета-ситостерол од кора од бор (Pinus spp.) 300 мг (150 мг бета-ситостерол и 3 мг есенцијални амино киселини).

Екстрактот од полен од 'рж помага за одржување на здрава простата и мочен меур кај мажите. Есенцијалните амино киселини од полен од 'рж од екстрактот Plasys 300®, кој е дел од производот UtiBHP, имаат антиинфламаторно (антивоспалително) дејство. Бета-ситостеролите од екстрактот Plasys 300® помагаат да се инхибира ензимот 5-α-редуктаза, кој е одговорен за регулирање на нивото на тестостерон, со што се намалува нивото на тестостерон на простатата, што ги ублажува симптомите на бенигна хиперплазија. Во исто време, овие супстанции помагаат да се спречи растот на клетките на простатата. Со дејство на активните компоненти од екстрактот Plasys, правилната и континуирана употреба на UtiBHP доведува до инхибиција на зголемувањето на простатата и подобрување на симптомите на LUTS: фреквенција, ноктурија, итност, складирање, чувство на нецелосно празнење.

Селенот придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес и нормална сперматогенеза.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!