Babytol Coli капки за бебиња, 20ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Babytol Coli капки за бебиња, 20ml


  • Шифра: 0021081
  • Производител: 4U pharma
820 ден.

Babytol Coli капки за бебиња, 20ml.

Капки за орална употреба кои содржат култури на добри бактерии - Lactobacillus reuteri и ензим лактаза, којшто се додаваат во мајчиното млеко или млечната формула, и се наменети за дигестивниот тракт кај доенчиња и новороденчиња уште од самото раѓање.

Употреба:

Новороденчиња и доенчиња: капките се додаваат во мајчиното млеко или млечната формула, секој пат пред хранење на новороденчето/бебето и можат да се користат од првиот ден на раѓање или по препорака на педијатар.

Кај доење: во претходно стерилизирана лажица, одмерете со капалката по 5 капки од двете вијали, дајте му на бебето да ги испие и потоа продолжете со доењето. Повторете ја постапката пред секој подој/оброк.

Кај млечни формули: во претходно подготвена млечна формула на соодветна температура за исхрана на детето, во шишето со формулата додајте 5 капки од двете вијали, одмерени со капалката, и дајте му на бебето да го испие. Не додавајте во млечна формула која е жешка или ладна, туку на онаа температура која е соодветна за хранење на детето. Повторете ја постапката пред секој оброк. Приготвената формула која детето нема да ја испие не ја употребувајте подоцна туку задолжително фрлете ја.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

4U pharma

4U pharma