Babytol Neonate капки за бебиња, 10ml
- Шифра: 0021082
- Производител: 4U pharma
Babytol Neonate капки за бебиња, 10ml.
Капки за орална употреба кои содржат култури од добри бактерии Lactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus reuteri, Bifidobacterium infantis, Bifidobacterium bifidum, Bifidobacterium breve и се додаваат во мајчиното млеко или млечните формули и се наменети за дигестивниот тракт кај предвремено родени и новороднчиња родени со царски рез од првиот ден на животот.
Употреба:
Предвремено родени и новороденчиња родени со царски рез од првиот ден: капките се додаваат во мајчиното млеко или млечната формула, еднаш или два пати дневно пред хранење на новороденчето/бебето од првиот ден на раѓање или по препорака на педијатар.
Кај доење: во претходно стерилизирана лажица, одмерете со капалката 7-8 капки од вијалата, дајте му на бебето да ги испие и потоа продолжете со доењето.
За млечни формули: подгответе ја млечната формула по инструкции на производителот. Измерете од вијалата 7-8 капки и додајте ги во претходно подготвена млечна формула на температура за хранење. Не ги додавајте капките кога млечната формула е ладна или топла туку само кога е на температура за хранење. Приготвената формула која детето нема да ја испие не ја употребувајте подоцна туку задолжително фрлете ја. Протресете силно пред употреба.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!