MaxMedica GS FLEX капсули, 60 капсули
- Шифра: 0021068
- Производител: MaxMedica
MaxMedica GS FLEX капсули, 60 капсули.
GS Flex е формулиран на база на глукозамин сулфат, хондроитин сулфат, серапептаза и витамини Ц и Д. Наменет е да ја зачува структурата и нормалната функција на зглобовите.
Најефективните познати хондропротектори се глукозамин сулфат и хондроитин сулфат. Со заедничко дејствување, тие ја подобруваат подвижноста на зглобовите, ги ублажуваат симптомите на артритис и придонесуваат за одржување на здрави зглобови и коски.
Глукозаминот ја штити 'рскавицата од распаѓање, придонесува за синтеза на сврзното ткиво на коските, ги ублажува воспалителните процеси и болката.
Хондроитинот придонесува за соодветна хидратација на 'рскавицата и ја зголемува нејзината еластичност. Благодарение на неговото антиинфламаторно дејство, хондроитинот ги смирува воспалителните процеси и придонесува за ублажување на болката.
Серапептазата е протеолитички ензим кој ги смирува воспалителните процеси, го намалува отокот и ја ублажува болката.
Серапептазата содржана во производот е гастроотпорна, што значително ја зголемува нејзината биорасположивост и употребливост во организмот.
Витаминот Ц придонесува за нормално производство на колаген за нормална функција на 'рскавицата и коските и ги штити клетките од оксидативен стрес.
Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција на калциум и фосфор, правилна минерализација на коските и нормална мускулна функција.
Употреба: Се препорачува да се зема 1 капсула 2 пати дневно.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!