Vivatonin Good Night капсули за возрасни, 30 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Vivatonin Good Night капсули за возрасни, 30 капсули


  • Шифра: 0015321
  • Производител: Borola
475 ден.

Vivatonin Good Night капсули за возрасни, 30 капсули.



VIVATONIN GOOD NIGHT капсули е граничен производ кој во својот состав како активни компоненти содржи екстракт од корен на Валериана (Valeriana officinalis) – (Валерианова киселина) и Мелатонин.

За екстрактите од Валерианата (Valeriana officinalis) е докажано и потврдено дека поседуваат седативно, анксиолитично и цитопротективно дејство. Го подобруваат сонот и срцевиот ритам. Делува благопријатно на биолошкиот часовник, при стрес и психички оптоварувања, на активноста на вегетативниот систем, расположението и имунолошките функции. Мелатонинот (5-Metoksi-N-Acetiltriptan) е хормон кој е присутен во организмот на сите живи суштества. Се произведува од пинеалоцитите (вид клетки) во епифизата (која се наоѓа во мозокот), а исто така и од ретината и гастро-интестиналниот тракт. Мелатонинот го синхронизира биоритамот кај човекот, делува и како моќен антиоксиданс. Овој хормон им помага на луѓето да спијат, го намалува бројот на будења во тек на ноќта, придонесува за скратување на времето за заспивање и за полесно адаптирање, после патување, при смена на часовни зони.

Се препорачува за:
– Привремено олеснување при симптомите на нервна напнатост, стрес, несоница и вознемиреност
– Подобрување на активноста на вегетативниот нервен систем, расположението и имунолошките функции
– Скратување на времето за заспивање
– Полесно адаптирање после патување, при смена на часовни зони – jet lag.

Употреба:
Возрасни: По 1 капсула навечер, 30 мин. пред спиење.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!


Borola

Borola