Smokvan сируп 150ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Smokvan сируп 150ml


  • Шифра: 0006581
  • Производител: Herba Laboratorij
710 ден.

Smokvan сируп 150ml.

Состав: пире од овошје: сува смоква (Ficus carica) и слива (Prunus domestica), сорбитол, глицерол, конзерванс: натриум бензоат, етерично масло од нане (Mentha piperita), етерично масло од ким (Carum carvi).

Смоквите се богат извор на диетални влакна и висок процент на влакна растворливи во вода.

    Овој тип на влакна благотворно делуваат на регулација на варењето
    Сувите смокви имаат три пати повеќе минерали и магнезиум од свежите, што придонесува за нивното позитивно влијание на варењето

Сувите сливи содржат дури три состојки кои придонесуваат за добро варење:

    Висок процент на нерастворливи диетални влакна. Овие влакна не можат да се разложат во дигестивниот систем, но ја врзуваат водата за себе и ја прават столицата пообемна, што го олеснува минувањето низ цревата
    Сорбитол, природен шеќер кој има способност да апсорбира вода
    Дихидроксифенил-исатин, супстанца која ги стимулира цревните контракции, што е неопходен процес за редовно празнење на цревата.

Додаток во исхраната наменет за деца, бремени жени и за возрасни.




Употреба: се применува со приложената дозна чашка.

    Деца: 5 мл навечер
    Бремени жени и доилки: 15 мл навечер
    Возрасни. 15-30 мл навечер

По отварањето, препаратот треба да се чува во фрижидер и да се употреби во текот на 6 месеци.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.