Колострум + Д3 директ ќесички, 20 ќесички :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Колострум + Д3 директ ќесички, 20 ќесички


  • Шифра: 0020908
  • Производител: PHARMANOVA
635 ден.

Колострум + Д3 директ ќесички, 20 ќесички.

Колострум + Д3, прашок за директна употреба, е диететски суплемент со витамин Д и кравји колострум

Состав:
Една кесичка содржи: Активни супстанции:
Говедски колострум (стандардизиран на минимум 24% имуноглобулин IgG)…… 500 mg
(120 mg)
Витамин Д3 (холекалциферол)…………………………………………………………………………….. 5,0 μg (200 IU)
Состојки: говедски колострум, сорбитол (засладувач), силициум диоксид (средство
против згрутчување), лецитин (емулгатор), арома на ванила и холекалциферол

Својства и дејство:
Колострум + Д3, прашок за директна употреба, е диететски суплемент со витамин Д и
кравји колострум.
Колострумот е првото млеко кое го произведуваат цицачите како храна во текот
на првите денови од животот на новороденчето, а пред почетокот на производство
на правото млеко. Колострумот е супстанца богата со различни биолошки активни
соединенија, протеини (вклучително и имуноглобулини IgG и IgA, лактоферин,
фактори на раст), амино-киселини, коензим Q10, витамини(B1, B2, B6, B12, A, C и E) и
минерали (магнезиум, калциум, цинк, калиум, натриум).
Витамин Д3, холекалциферол, е липосолубилен витамин кој придонесува за
нормална апсорпција на калциумот и фосфорот во организмот, што претставува
основ за правилна изградба на коските и забите. Витаминот Д3 придонесува за
одржување на нормална функција на мускулите и нормална функција на имуниот
систем.

Употреба:
Деца на возраст од 3-7 години: Една до две кесички од прашокот на ден да се помеша
со храна (млеко, јогурт, каша и сл.) и да се даде на детето

Возрасни и деца постари од 7 години: Две кесички од прашокот дневно. Содржината на
кесичката да се растопи во устата или да се помеша со храна (млеко, јогурт, каша и сл.)
Предупредувања: Препорачаната дневна доза не сме да се пречекори. Производот
не треба да го земаат лица пречувствителни на некоја состојка од производот!
Производот не е наменет за бремени, доилки и деца помлади од 3 години.
Производот содржи млеко (вклучително и лактоза и протеини од млекото), па не се
препорачува на лица кои имаат интолеранција на млеко, млечни производи, лактоза
и казеин. Производот не смеат да го користат лица заболени од малигни болести.Лица со пореметен имун систем и лица на медикаментозна терапија пред употреба на
овој производ треба да се консултираат со својот лекар. Во тек на примената на овој
производ да не се употребуваат други производи кои се извор на витамин Д заради
можноста да се пречекори препорачаната дневна доза на овој витамин. Прекумерна
употреба може да предизвика лаксативен ефект.
Додатоците во исхрана не се замена за разновидна и урамнотежена исхрана.


ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!