Tummy Tox Tummyccino капучино напиток, 10 ќесички
- Шифра: 0031092
- Производител: Tummy Tox
Tummy Tox Tummyccino капучино напиток, 10 ќесички.
Неодоливо кафе кое ќе ве наполни со енергија и ќе ви го потисне прекумерниот апетит во текот на целиот ден и неколкукратно ќе го забрза процесот на топење!
Постигнете ги целите за слабеење и чувствувајте се како да сте на врвот на светот!
СЛАБЕЕЊЕ СО КАФЕ? ДА, МОЛАМ!
Го наполнивме нашиот вкусен кафе напиток со најдобрите помагачи за слабеење – зрно од зелено кафе, Гарсинија Камбоџа, семе од гуарана, инстант кафе и диетални влакна од цикорија кои:
-Помагаат да се контролира гладта
- Го забрзуваат метаболизмот
-Го забрзуваат слабеењето
-Даваат енергија – без нервози или пад од кофеин потоа!
-Помагаат на варењето
-Содржат малку јагленохидрати, и се вегански и без глутен!
КАКО ДЕЛУВА?
Ја зедовме магијата на кафето и додадовме уште неколку волшебни состојки – тие што помагаат за слабеење!
Благодарение на уникатна комбинација на состојки што нема да ја најдете на друго место, Tummyccino ќе го збогати вашиот живот со својот крем вкус (уживајте во него топло или ладно!) додека ви помага да ги исфрлите вишокот килограми.
-Гарсинија Камбоџа го намалува гладот и го намалува складирањето на маснотии
-Екстракт од семе од Гуарана го зајакнува нивото на енергија и метаболизмот на маснотиите
-Зрно од зелено кафе содржи хлорогена киселина што помага при слабеење
-Инстант кафе за да бидете будни и полни со енергија
-Диетални влакна од Цикорија со инулин кои дејствуваат како храна за добри бактерии во цревата
За разлика од слични производи, ефектот на Tummyccino ќе трае многу подолго и нема да имате пад од кофеин.
ЗОШТО Е TUMMYCCINO ПОДОБАР ОД ОБИЧНО ИНСТАНТ КАФЕ?
Tummyccino не само што ќе ви помогне да го држите гладот под контрола, туку е одлична замена за десерти и слатки. Исто така, има помалку калории од обичното кафе, содржи само 8 kcal! Што е додаден плус, бидејќи покрај тоа што има малку калории, го поттикнува нивното топење.
Заменете го утринското кафе со Tummyccino и почувствувајте наплив на енергија. Или испијте го наместо попладневен десерт или сладолед, нема да имате желба за слатки и ќе ги почувствувате промените во вашата линија побрзо отколку што очекувате!
Дали сте љубители на ладно кафе? Имате среќа – Tummyccino може да се ужива топло или ладно:
ОПЦИЈА 1: Измешајте една кесичка Tummyccino со 1 дл топла вода. Додадете било каков вид млеко по желба. Препорачуваме млеко од бадем или кокос.
ОПЦИЈА 2: Измешајте една кесичка Tummyccino со 1 дл топла вода. За уште подобар вкус, додадете малку млеко (или вкусна замена за млеко) и неколку коцки мраз. Уживајте!
Инструкции за користење: Препорачана дневна доза е 1 кесичка. Растворете го со силно мешање во 100 мл топла вода. Мешајте темелно додека не се растворат сите грутки. Пијте го наутро.
Предупредување: Доколку сте хиперосетливи или алергични на некоја од состојките на овој производ или користите лекарства, консултирајте го вашиот доктор пред употреба.
Важни известувања: Препорачаниот дневен внес не треба да биде надминат. Додатокот за исхрана не треба да биде користен како замена за разновидна и балансирана исхрана и за здрав животен стил. Разновидна и балансирана исхрана и здрав животен стил се важни.
Чување: Држете го на страна од дофат на деца! Чувајте го на темно и суво место на температура под 25°C.
Состојки: инстант кафе во прав со 3-5% кофеин, Orafti HSI [инцилин со цикорија со 88% растворливи диетални влакна], овошен екстракт од гарсинија со 60% хидроксицитрична киселина, екстракт од зрна од зелено кафе со 50% хлорогена киселина и максимум 2% кофеин, екстракт од семе од гуарана со 10% кофеин, вкус на капучино, средство против стврднување: концентрат од ориз, засладувач: сукралоза
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!