Melatonin Pura JUNIOR капки за деца 40ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Melatonin Pura JUNIOR капки за деца 40ml


  • Шифра: 0016023
  • Производител: ESI
365 ден.

Melatonin Pura JUNIOR капки за деца 40ml.

MELATONIN JUNIOR
капки за деца

Мелатонинот е хормон кој природно се лачи од организамот и допринесува за настапување на природен сон. Неговото количество во организамот е највисоко навечер и затоа полесно се заспива навечер. Додека наутро со првите сончеви зраци неговата концентрација опаѓа и телото природно се буди.

Диететските додатоци со мелатонин се препорачани за особи кои што имаат проблеми со спиењето, заспивањето, промената на временските зони (џет-лаг), работата во ноќни смени и.т.н. Како производ е сосема безбеден, затоа што всушност природно се лачи од организамот, не создава несакани ефекти како хемиските производи за спиење и вишокот се излачува од организамот.

Мелатонин Пура Јуниор е диететски додаток кој е наменет за најмалите кои имаат проблем со заспивањето и одржувањето на постојан нокен одмор. Во форма на капки сосема прилагоден за најмалите, со вкус на бело чоколадо, без алкохол. Се употребува навечер пред спиење 25 капки така како што е или растворено во малку вода. Дозата одговара на 1 мг мелатонин.
Мелатонинот е особено корисен кај промената на временските зони при патување доколку детето е изложено- (џет лаг синдром). Во последно време по најновите студии мелатонинот се вклучува како задолжителен додаток кај дечиња со аутизам.


Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството! 

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт

ESI

ESI