Orthomol junior C plus таблети за џвакање со вкус на диви бобинки, 30 таблети
- Шифра: 0020680
- Производител: Orthomol pharmazeutische,Germany
Orthomol junior C plus таблети за џвакање со вкус на диви бобинки, 30 таблети.
Orthomol® Immun junior C plus е диететски производ, кој содржи комбинација на микронутритиенти соодветни за деца за подршка на имуниот систем. Витамини, фитонутриенти и елементи во трагови за менаџирање на чести рекурентни инфекции кај деца постари од 4 години. Пакување за 30 дена. Пакување со 90 таблети за џвакање со вкус, организирани во 30 пакетчиња кои содржат по 3 таблети за џвакање (=дневна доза)
Индикации:
При состојби на намален имунитет (пр. рекурентни инфекции на средно уво) и подршка на имуниот систем во сезона на грип и настинки.
Витамин Е, Витамин Ц и комбинирани каротеноиди вршат неутрализација на слободни радикали. Имаат улога на антиоксиданси, кои обезбедуваат заштита на клетките.
Цинк, селен, манган, бакар и железо влијаат на активноста на клетките на имуниот систем, како важни компоненти за антиоксидативните ензими.
Витамините од групата Б го подржуваат енергетскиот метаболизам, а витамин А е значаен за интегритетот на кожата и мукозните мембрани.
Витамин Д учествува во модулирање на имуните клетки и го подобрува имунолошкиот статус.
Начин на примена:
Земајте ја содржината од едно пакување (=дневна доза) секој ден, за време на или после оброк. Дневната доза може да се распредели неколку пати во текот на денот или може се земе оддеднаш.
Се препорачува да се зема редовно и во текот на подолг временски период.