ColiPrev капки 15ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ColiPrev капки 15ml


  • Шифра: 0020830
  • Производител: Nasonate Health Solution,Portugal
765 ден.

ColiPrev капки 15ml.

Карактеристики на ColiPrev®

    Високо активен ензим лактаза, екстрахиран од габата Aspergillus orizae;
    Aspergillus orizae е стабилен и биолошки активен извор на лактаза;
    Со 15ml можат да се подготват околу 38 оброци со препорачаната просечна доза од 8 капки во оброк.

ЗОШТО COLIPREV®?

Затоа што ензимот лактаза ја олеснува хидролизата на лактоза во млекото. На овој начин COLIPREV® може да се користи со мајчиното млеко или со адаптирана формула доколку мајката не дои од било која причина.

Употреба на ензимот лактаза кој се наоѓа во додатокот на исхрана ColiPrev®, е поддржана од неколку клинички студии кои покажуваат минлив недостаток на лактазата, како можен предизвикувач на грчеви кај бебињата, при што се јавува потешкотија на дигестивниот систем да ја свари лактозата.
СТАНДАРДИ НА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА

Кога да се користи ColiPrev®?

COLIPREV® се користи кога и да го храните бебето, во тек на првите 3-4 месеци, се до времето кога лактазата произведена во цревата е во доволна количина и почнува да влијае на лактозата. После овој период COLIPREV® треба постепено да се прекине.

Се предложува дозата назначена по оброк постепено да се намали на пола, потоа наизменично помеѓу оброци,се додека се сведе на еднаш дневно, пред COLIPREV® целосно да се исклучи од употреба. Ако во тек на исклучувањето на COLIPREV® коликите се вратат, се препорачува да се повтори почетната шема.
КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА COLIPREV®?

Со мајчино млеко:

    Ставете го препорачаниот број капки во претходно стерилизирана лажичка и ставете ги директно во устата на бебето, пратејќи го упатството од табелата за дозирање на бројот на капки по оброк, во зависност од возраста на бебето.
    Продолжете со доење како и обично.

Со адаптирана формула :

    Внимателно подгответе ја адаптираната млечна формула, според упатството на производителот.
    Додајте COLIPREV® капки во умерено загреана формула според табелата за дозирање.
    Фрлете ја формулата која останала по хранењето.

Во случај кога подготовката на храната за бебето се врши однапред, додадете 4 капки COLIPREV® во млечната формула и така подготвената храна чувајте ја до 4 часа во фрижидер.

Табелата за дозирање е индикативна. Во исклучителни случаи , доколку бебето има многу силни грчеви,употребата на COLIPREV може постепено да се зголеми, капка по капка.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.