ESI Hepadiet таблети за возрасни, 45 таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ESI Hepadiet таблети за возрасни, 45 таблети


  • Шифра: 0015634
  • Производител: ESI
325 ден.

ESI Hepadiet таблети за возрасни, 45 таблети.

ХЕПАДИЕТ ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ
Во природата постојат билки кои се корисни за обезбедување на добра функција на црниот дроб. Хепадиет е додаток на исхраната кој содржи суви екстракти од артичок, млечен трн (силимарин), глуварче придружени со инозитол и витамин Б6, кои се препорачуваат во случај на слаба функција на црниот дроб, артериосклероза и хиперхолестеролемија и хепатобиларна инсуфициенција. Тој е исто така корисен како додаток во третирање на цироза на црниот дроб и други пореметувања во работата на црниот дроб кои ја ограничуваат неговата функција.

АРТИЧОК, тој е способен да ја зголеми вистинската секреција на жолчка со подобрување на варењето на храната, придонесува да се прочисти крвта и спречува формирање на камења во жолчката што се последица од висок холестерол. Се препорачува во случаи на хепатобиларна инсуфициенција и помага во намалувањето на холестеролот.
МЛЕЧЕН ТРН (с.е. 2% силимарин) е растение богато со терапевстки вредности кои го прават драгоцен во третирање на дисфункција на црниот дроб, во борбата против воспаленија, отекување на жолчката и хронични болести на црниот дроб како хепатитис и цироза на црниот дроб. Корисна е во случаи на интоксикација и труење, кај дигестивни пореметувања кои се поврзани со слаба функција на црниот дроб. Исто така има тонични и диуретски својства. Студиите поктврдиле дека активната компонента на шарениот бадел, силимарин, е корисен кај интоксикација на црниот дроб и болести поврзани со злоупотреба на алкохол.
ГЛУВАРЧЕ (с.е. 1% инулин) е билка која стимулира работа на жолчниот меур и со тоа ја нормализира неговата функција, па оттука се препорачува против инсуфициенција на црниот дроб и жолчката. Неговиот сув екстракт се користи и за да спречи создавање на каменчиња во жолчката. Тој стимулира диуреза, ја намалува глукемијата и ја подобрува дигестијата.
ИНОЗИТОЛ, КОЛИН БИТАРТРАТ, Д,Л-МЕТИОНИН
Ова се липотропни фактори чија главна функција е спречување и ограничување на ненормално и претерано таложење на маснотии на црниот дроб. Тие делуваат синергистички за да го одржат холестеролот во движење а со тоа да се одбегне негово наталожување во артериите.
ВИТАМИН Б6 игра важна улога во метаболизмот на карбохидратите, протеините и липидите; неговата употреба како додаток во исхраната ја подобрува правилната функција на црниот дроб.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ESI

ESI