Plantagin вагитории, 7 вагитории :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Plantagin вагитории, 7 вагитории


  • Шифра: 0006696
  • Производител: Alkaloid
175 ден.

Plantagin вагитории, 7 вагитории.

Состав

1 вагиторија содржи 0,8 g кантарионово масло (Oleum hyperici)
Дејство

Во својот состав кантарионот содржи разновидни биолошки активни соединенија и има повеќе фармаколошки својства како антиинфламаторно, антибактериско, антивирусно и атстрингентно. Поради овие својства, кантарионот го намалува воспалението на ткивата и го зголемува регенеративното својство на ткивото, што води до негова побрза реепителизација и до враќање на еластичноста.

Индикации

   - За отстранување јадеж, леукореја и други знаци на воспаление во гинеколошката практика. Поволно дејствува при следниве состојби:

   - вагинални воспаленија со зголемен вагинален секрет;

  - промени на слузницата на цервиксот проследени со воспаление;

   -дегенеративни промени на цервикалната и на вагиналнатата слузница по зрачна терапија;

    -промени на вагиналната слузница во состојби на вагинална сувост од различно потекло, поради хормонален дисбаланс или менопауза.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството! 

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

Alkaloid

Alkaloid