Becutan назален изотоничен спреј за нос 30ml
- Шифра: 0017093
- Производител: Alkaloid
Becutan назален изотоничен спреј за нос 30ml.
Секојдневната хигиена на носот е важна за бебиња, деца и за возрасни лица.
Прекумерната слуз и прекумерната сувост на слузокожата во носот може да бидат основа за зголемување на бројот на микроорганизми во носот.
Со соодветна употреба на назалниот изотоничен раствор Becutan KIDS VITS за секојдневна хигиена на бебиња, на деца и на возрасни лица се овозможува терапевтски третман при некои основни индикации, како: назофарингитис, опструктивен ринитис и синуситис, сув нос без секрет, зарипнатост како резултат на сува слузокожа, и има помошен ефект при оториноларинголошки и при педијатриски третман.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.