Ibutop крем за болки 100g
- Шифра: 0016504
- Производител: DOLORGIET
Ibutop крем за болки 100g.
Ибутоп Kрем е лек кој ослободува од болка и антиинфламаторен лек за апликација на кожа.
За локаленили придружен третман во случај на
-мускулен ревматизам,
-болни дегеративни состојби (артроза),
-воспалителни ревматски состојби на зглобовите и ‘рбетниот столб,
- оток или вопспаление на мекте ткива во непосредна близина на зглобовите (на пр. бурса, тетиви, обвивка на тетиви, лигаменти и зглобни капсули),
-вкочанетост во рамената, болка во долниот дел на грбот, лумбаго,
-спортски и други случајни повреди како што се нагмечување, исчашување, истегнување.
Како да го употребувате Ибутоп Kрем
Секогаш употребувајте го овој лек точно како што е опишано во ова упатството или како што Ви рекол Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра. Ако не сте сигурни проверете кај Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.
Препорачана доза е:
Нанесете Ибутоп Kрем 3-4 пати на ден. Зависно од големината на болната регија што треба да се третира, Ви треба 4-10 cm од кремот што одговара на 2-5 g крем (100-250 mg ибупрофен). Максималната дневна доза е 20 g крем што одговара на 1000 mg ибупрофен.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.