Pregnatol DHA капсули за трудници, 30 капсули
- Шифра: 0020699
- Производител: 4U pharma
Pregnatol DHA капсули за трудници, 30 капсули.
Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA (докозахексаноична омега-3 масна киселина) и се користи за надополнување на DHA омега-3 масни киселини кај бремени жени и доилки.
Pregnatol DHA во една капсула содржи препорачана дневна доза на омега-3 масни киселини DHA. Наменет за употреба во текот на целата бременост и за време на доењето.
ДОКОЗАХЕКСАНОИЧНА КИСЕЛИНА (DHA)
DHA е oмега – 3 масна киселина – есенцијална масна киселина која не се синтетизира во организмот, но се внесува преку храната.
DHA е важна структурна компонента на мозокот, нервните клетки и мрежницата: 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот сочинуваат DHA, додека во мрежницата се сочинуваат 93% од вкупните омега-3 масни киселини.
Дури 60% од структурата на мозокот е составена од масти, а 25% од тие масти се само DHA. Како исклучително важна структурна компонента, DHA сочинува 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот.
Најинтензивниот раст на мозокот на бебето се јавува во последниот триместар од бременоста и во првата година од животот. Во првите две години од животот, DHA е основна компонента на критичните сврзни компоненти во мозокот.
DHA омега-3 масните киселини се неопходни за развој на видот и мозокот на бебето. Целокупниот развој на мозокот влијае на развојот на сите ментални и когнитивни функции.
Исклучително е важно DHA омега – 3 масните киселини да се внесуваат во текот на целата бременост во препорачана дневна доза. Бројните научни стражувања покажаа дека DHA омега – 3 масните киселини влијаат на:
-Здраво одржување на бременоста
-Го поддржува растот на фетусот
- Важни за развој на мозокот и видот на вашето бебе
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.