Ibutop Acute 400mg капсули, 10 капсули
- Шифра: 0020675
- Производител: DOLORGIET
Ibutop Acute 400mg капсули, 10 капсули.
Терапевтски индикации на Ибутоп Акут капсули:
- при лесна до умерена болка (главоболка, мигренозна болка, забоболка, менструална болка)
- при грозница (покачена телесна температура)
- за симптоматски третман на болка и воспаление кај пациенти со:
акутно воспаление на зглобовите (акутен артритис), вклучувајќи напад на гихт
хроничен артритис, особено ревматоиден артритис (хроничен полиартритис)
анкилозен спондилитис (Bechterew-ова болест) и други воспалителни ревматски заболувања на 'рбетот
иритација од дегенеративни заболувања на зглобовите и 'рбетот (остеоартритис и спондилоартритис)
воспалителни ревматски заболувања на меките ткива
болни отоци и воспаление по повреда или операција.
Дозирање и начин на употреба:
За употреба кај возрасни и адолесценти од 15-годишна возраст.
За ублажување на болка и намалување на грозница:
Дозата на ибупрофен треба да се заснова на возраста и/или телесната тежина. Препорачана единечна доза за адолесценти од 15-годишна возраст и возрасни е од 200 до 400 mg ибупрофен. Вкупната дневна доза не треба да надминува 1200 mg ибупрофен и треба да биде поделена во 2-4 единечни дози распоредени во текот на денот.
За третман на ревматски заболувања:
Дозата на ибупрофен треба да се заснова на возраста и/или телесната тежина. Препорачаниот опсег на дозата за адолесценти од 15-годишна возраст и возрасни е од 1200 до 2400 mg ибупрофен на ден. Максимална единечна доза за возрасни не треба да надминува 800 mg ибупрофен.
Нaчин на употреба и времетраење на третманот
Проголтајте ја Ибутоп Акут цела со многу течност и не ја земајте на празен желудник. Ако имате чувствителен желудник, се препорачува да земате Ибутоп Акут за време на оброци.
Како изгледа Ибутоп Акут и содржина на пакувањето
Ибутоп Акут се светло сини меки капсули, достапни во пакувања од 10 капсули.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.