Nelit електролит со вкус на портокал,3 ќесички
- Шифра: 0005178
Nelit електролит со вкус на портокал,3 ќесички.
Nelit електролити орален рехидратационен раствор. Nelit електролити се користи за едноставно и ефикасно надоместување на течности и електролити, како и спречување на дехидратација при состојби предизвикани од прекумерен губиток на соли и вода од телото.
Терапевтски индикации
• Спречување на дехидрација
• Дијареа предизвикана од антибиотици кај возрасни;
• Патничка дијареа кај возрасни;
• Акутни инфективни дијареи кај возрасни;
• Надоместување на течности и електролити после физичка и спортска активност
Nelit електролити се препорачува за употреба кај возрасни. Растворот лесно се подготвува (со едноставно растварање на ќесичката во вода).
Состав:
Натриум, калиум и други електролити со кои се надополнува изгубената сол и јаглехидрати;
Дозирање и начин на употреба:
Возрасни
Растворете 1 ќесичка во 500 ml вода. Растворот се пие голтка по голтка на одредено време и ова е најдобар начин растворот да се апсорбира во организмот.
Дозата може да се повтори неколку пати во денот, во зависност од степенот на дехидратација.
Растворот треба да се употреби по припремата. На собна температура има стабилност 8 часа, а во фрижидер може да се чува најдолго до 24 часа.