Megasmile сонична четка шокирачко розева
- Шифра: 0030465
- Производител: Megasmile
Megasmile сонична четка шокирачко розева
СВЕТСКА НОВИНА ОД ШВАЈЦАРИЈА ВО ШОКИРАЧКИ РОЗОВА
Megasmile SONIC BLACK WHITENING II четката ги осветлува забите со помош на активниот јаглен и хидро-динамичното чистење. Обелување заби со активен јаглен? Да, функционира! Наместо да става белило и абразиви во забните пасти megasmile го стави на забната четка. Тоа е патентирана ACP технологија која ги бели забите.
КАКО РАБОТИ ACP?
Црните влакна на SONIC BLACK WHITENING II содржат партикли на активен јаглен. ACP работи како бришач: Додека четкате, микропартикли ги отстрануваат дисколорациите и флеките од површината на забите. 42.000-те интензивни високофрекфентни движења во минута го поттикнуваат избелувачкиот ефект. Бидејќи активниот јаглен е многу помек од емајлот, забите не се оштетуваат.
ХИДРО-ДИНАМИЧНО ЧИСТЕЊЕ:
Megasmile SONIC BLACK WHITENING II чисти многу темелно: Оваа хидро-динамична сонична четка генерира пулсирачки дотур на течности во предели недостапни за четката, а со тоа ги неутрализира депозитите на бактерии и го спречува нивниот раст. Интегрираниот мерач на време на четкање и мерач по квадранти се користат за лесна контрола при четкањето. Трите паметни опции и специјалната функција за полирање осигуруваат перфектно чистење прилагодено за секоја индивидуална потреба. Благодарение на функцијата за меморирање, четката ја памти последната избрана опција, а авто-заклучувањето не дозволува четката да се вклучи при патување додека се наоѓа во специјално дизајнираната торбичка. Бидете спремни да им го дадете на Вашите заби најдобриот сјај. Megamile SONIC BLACK WHITENING II доаѓа со Li-Ion батерија која со едно полнење има трајност цели две недели при користење. Пакувањето вклучува модерен текстилен USB кабел и удобен интернационален полнач со кој е осигурано полнењето не само преку секој штекер туку и преку компјутер и џебен акумулатор..
КОЛКУ Е СИЛНА ШОКИРАЧКИ РОЗОВАТА?
НЕЖНА И ЧИСТИ
Опција ЧУВСТВИТЕЛНОСТ
Чувствителните заби и иритираните непца се третираат со нежни, фини и високо фрекфетни движења.
МОЌНО И ЕФИКАСНО
Опција ИНТЕНЗИВНО
Оваа хидро-динамична сонична четка генерира пулсирачки бран на течности во недостапни предели, за оптимално чистење од сите страни.
ЦЕЛОСНО И СИЛНО
Опција ДЛАБОКО ЧИСТЕЊЕ
Нема повеќе вознемирувачки флеки на забите! Моќните движења ги деактивираат и раствораат темните флеки предизвикани од пушење, консумирање црно вино, кафе или чај.
ПОЛИРАЊЕ И ОСВЕТЛУВАЊЕ
Опција ПОЛИРАЊЕ
Оваа опција го надополнува чистењето и дава осветлувачки сјај.