Hysera капсули за возрасни,20 капсули
- Шифра: 0020493
- Производител: PHARMANOVA
Hysera капсули за возрасни,20 капсули.
Hysera гастрорезистентни таблети содржат ензим серапептидаза, кој има високо изразена ензимска активност еднаква на 60.000 серапептидазни единици, што овозможува ефикасна хидролиза на протеини и се користи во третманот на состојби во чија основа е воспаление.
Состав: Една Hysera таблета содржи 30 mg ензим серапептидаза (60.000 спу*). *спу – серапептидазни единици
Намена на производот: Hysera таблети можат да се користат:
• Kај различни повреди и едеми (шинувања, исчашувања и други состојби после повреди проследени со оток на ткивата)
• Bо стоматологијата и оралната хирургија после интервенции проследени со отоци
• Kај воспаленија на слузницата на устата и непцата проследени со отоци
• За респираторниот тракт (кај затнат нос и слевање на лигавицата низ грлото, за помош во разредувањето на насобраната лигавица и олеснување на искашлувањето, како и за намалување на отокот на слузницата)
• За коскено зглобниот, мускулниот и репродуктивниот систем (после хируршки интервенции во ортопедијата и гинекологијата при кои доаѓа до оток на меките ткива)
Употреба: Возрасни: 1-2 таблети дневно еден час пред или два часа после јадење со околу 200 ml вода. Таблетата треба да се проголта цела.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.