Dr.Plant PANTENOL 5% раствор за кожа и коса 125ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Dr.Plant PANTENOL 5% раствор за кожа и коса 125ml


  • Шифра: 0000869
  • Производител: ESSENSA
220 ден.

DR.Plant PANTENOL 5%  раствор за кожа и коса 125ml.

Пантенол растворот содржи декспантенол кој во организмот се трансформира во пантотенска киселина (витамин Б5). Активниот облик на пантотенската киселина во организмот е коензимот А, кој има клучна улога во зачувување на функцијата на кожата, косата и ноктите.

Стимулирајќи ја делбата на епидермалните клетки, ги потпомага природните регенеративни кожни процеси и го забрзува нејзиното зараснување.

Пантенол  растворот ја штити кожата, ѝ обезбедува оптимална влажност и го обновува природниот pH. Дејствува смирувачки и антиинфламаторно. Го ублажува црвенилото и кожната иритација, особено по нејзино изложување на сонце.
Пантенол растворот е наменет за сите генерации и сите типови на кожа. Разблажен со дестилирана вода во сооднос 1:5 се користи за испирање на слузницата и оштетената кожа.


Се препорачува:

    За нега и заштита на кожата
    За испирање и обложување на рани, повреди, изгореници и воспаленија на кожата и слузокожата
    Помага во третман на оштетената коса, го стимулира растењето на косата и ѝ го враќа сјајот
    За коса третирана со козметички средства
    За подготовка на инхалациони раствори и ублажување на воспалението на слузницата на горните дишни патишта
    За ублажување на тегобите по прекумерното сончање
    По солариум, кога кожата бара интензивна регенерација
    По бричење или депилација