Oto Perfect aqua acida спреј раствор за уво 30ml
- Шифра: 0020143
- Производител: ESSENSA
Oto Perfect aqua acida спреј раствор за уво 30ml.
Oto aqua acida е спреј раствор за уво кој содржи ацетатна киселина, изопропил алкохол и декспантенол.
Ацетатната киселина во ушниот канал создава неповолна pH средина за раст на микроорганизмите, додека пак изопропил алкохолот помага да се отстрани насобраната вода од увото која механички ја оштетува кожната бариера и претставува погодна подлога за развој на инфекција.
Декспантенолот го обновува и штити епителот на кожата на увото.
Состав
- Ацетатна киселина
- изопропил алкохол
-декспантенол
Шишенцето со механичка пумпичка овозможува максимален ефект на препаратот на местото на примена. Растворот добро се поднесува и не доведува до развој на резистентни микроорганизми.
Се препорачува:
-Кај бактериски и габилни инфекции на надворешниот ушен канал
-Кај “пливачко уво”
-Превентивно кај пливачи, нуркачит и останати лица склони кон инфекции на надворешниот ушен канал
П-ри задржување на вода во уво, предизвикано од престој во топла, влажна клима или потење, бањање или неадекватна употреба на водени раствори за чистење на ушите.