MULTI ESSENCE витамини Д3 1000IU меки каспули за возрасни,30 капсули 1+1 ГРАТИС :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




MULTI ESSENCE витамини Д3 1000IU меки каспули за возрасни,30 капсули 1+1 ГРАТИС


  • Шифра: 1000315
  • Производител: Alkaloid
195 ден.

MULTI ESSENCE витамини Д3 1000IU меки каспули за возрасни,30 капсули.

Витаминот Д е липосолубилен витамин којшто се синтетизира во кожата под дејство на УВ-светлина.Тој се претвора во 25 (OH) D во црниот дроб и понатаму до активната форма (калцитриол 1,25 (OH)2 D) во бубрезите или во другите органи. Вклучен е во метаболизмот на коските, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од цревата, но, исто така, има и многу важна улога во нормалниот имунолошки одговор. Витаминот Д врши имуномодулаторни активности. Постојат студии коишто ја демонстрираат неговата улога во зголемувањето на способноста на вродениот имунолошки систем да се бори против патогените микроорганизми.

Витаминот Д достигнува најниско ниво во текот на зимските месеци и затоа научниците често го нарекуваат „сезонски стимул“, бидејќи ниските нивоа на витамин Д се поврзани со зголемена појава на респираторни инфекции.
Употреба

MULTI ESSENCE Витамин Д3, како храна за посебна нутритивна употреба – храна за посебни медицински намени, ги задоволува зголемените потреби од витамин Д3 кај возрасните. Производот е наменет за диететско регулирање состојби и болести кај коишто е неопходно надоместување на витаминот Д.

-Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
-Витаминот Д придонесува за нормална мускулна функција.
-Витаминот Д придонесува за одржување здрави коски.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

Употреба:

Еднаш дневно, по една капсула.

Alkaloid

Alkaloid