ORTHOMOL IMMUN прашок,30 дозирања :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ORTHOMOL IMMUN прашок,30 дозирања


  • Шифра: 0020394
  • Производител: Orthomol pharmazeutische,Germany
3.100 ден.

ORTHOMOL IMMUN  прашок,30 дозирања.

Што е Ортомол® Имун?

Ортомол® Имун е диететска храна за специјални медицински цели. За диететско справување со недостатоците на имунолошиот систем поврзанисо исхраната (на пр. хронични инфекции на респираторниот тракт). 

Состојки во граничниот производ :Декстроза, малтодекстрин,  киселина - лимонска киселина, натриум L-аскробат, L-аскорбинска киселина, арома,  желатин (говедски), цинк глуконат,  железо глуконат, никотинамид, тиамин мононитрат,  рибофлавин, пиридоксин хидрохлорид,  сахароза, калциум лактат,  калциум-D-пантотенат, мешани токофероли,  екстракт од цитрусно овошје богат со биофлавоноиди (од Citrus sp. ), манган сулфат,  бета-каротен, бакар сулфат,  птероил-моноглутаминска киселина, екстракт од Tagetes erecta богат со лутеин, ретинил ацетат, соини лецитини како емулгатор, ликопен (од Solanum lycopersicum), калиум јодид, D-биотин, хром (III) хлорид, натриум молибдат, натриум селенат, филокинон, холекалциферол, цијанокобаламин.

Индикации:

При состојби на намален имунитет (пр. рекурентни инфекции на средно уво) и подршка на имуниот систем во сезона на грип и настинки.

Витамин Е, Витамин Ц и комбинирани каротеноиди вршат неутрализација на слободни радикали. Имаат улога на антиоксиданси, кои обезбедуваат заштита на клетките.

Цинк, селен, манган, бакар и железо влијаат на активноста на клетките на имуниот систем, како важни компоненти за антиоксидативните ензими.

Витамините од групата Б го подржуваат енергетскиот метаболизам, а витамин А е значаен за интегритетот на кожата и мукозните мембрани.

Витамин Д учествува во модулирање на имуните клетки и го подобрува имунолошкиот статус.


ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!


Употреба:

Земајте ја содржината од едно пакување (=дневна
доза) секој ден, за време на или после оброк. Дневната доза може да се
распредели неколку пати во текот на денот или може  се земе оддеднаш.

Се препорачува да се зема редовно и во текот на подолг  временски период.