СЕМЕ ОД БЕЛ ТРН 180g
- Шифра: 0017199
- Производител: Hemera Dooel
СЕМЕ ОД БЕЛ ТРН 180g.
Белиот трн (Silybum marianum L.) е билка со најголем број на релевантни студии за докажување на ефикасноста на дејството (PubMed над 1000 публикации). Семето од бел трн е најмоќен природен прочистувач на црниот дроб со силно хепатопротективно дејство.
Семето од бел трн во зависност од квалитетот на производство може да содржи околу 6-10% силимарин. Силибинин (INN), исто така познат како силибин, е главната активна состојка на силимаринот, кој содржи мешавина на флавонолигнани на силибинин, изосилибинин, силицирин, силицидин и други. Самиот силибинин е мешавина од два дијастереомера, силибин А и силибин Б, во приближно еквимоларен однос. Мешавината покажува бројни фармаколошки ефекти, особено во црниот дроб, а постојат и клинички докази за употреба на силибининот како адјувантна терапија кај цироза на црниот дроб. Активните супстанции се состојат од околу 65-80% силимарин (комплекс флавононигнан) и 20-35% масни киселини, вклучувајќи линолеинска киселина. Силимарин е комплексна мешавина од полифенолни молекули, вклучувајќи и седум блиски поврзани флавононигнани (силибин А, силибин Б, изосилибин А, изосилибин Б, силихристин, изосилихристин, силидијанин) и еден флавоноид (таксифолин).
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
-здрави лица за превенирање на состојби и болести на црн дроб;
-лица со зголемен внес на мрсна храна, алкохол и лекови;
-лица со замастен црн дроб;
-лица со инфективни и неинфективни хепатитиси,
-лица со псоријаза;
-при труење со храна:
-лица кои се на хронична терапија со хемиски лекови.