NATURA THERAPY Гел од Алое Вера со екстракт од Калинка (1000ml) 2+1 ГРАТИС :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




NATURA THERAPY Гел од Алое Вера со екстракт од Калинка (1000ml) 2+1 ГРАТИС


  • Шифра: 0020349
  • Производител: NATURA THERAPY
1.990 ден.

  NATURA THERAPY Гел од Алое Вера со екстракт од Калинка (1000ml) 2+1 ГРАТИС

Алое Вера гелот со екстракт од калинка е додаток на исхраната содржи 99,5% концентриран гел од сертифицирано органско алое од видот Barbadensis Miller збогатен со екстракт од калинка и претставува извор на широк спектар нутриенти, ензими, моќни антиоксиданти (антоцијанини и др.) и други биоактивни молекули со уникатни придобивки.

Редовниот внес на гелот од Алое Вера со екстракт од калинка обезбедува:
• поддршка за имунитетот (специфични биоактивни состојки кои во научните истражувања имаат потврдено имуно-модулаторно, анти-инфламаторни, анти-микробни и анти-вирални својства);
• поддршка за варењето на храната и функцијата на гастроинтестиналниот систем (алоето содржи ензими кои учествуваат во процесот на дигестија и муколитички полисахариди кои ги обложуваат органите за варење (желудникот и цревата));
• заштита од оксидативен стрес (широк спектар минерали, витамини, антиоксиданти (кои доаѓаат од билката алое и од екстрактот од калинка) и други фито елементи кои учествуваат во метаболните процеси на организмот и обезбедуваат антиоксидативна заштита.

Гелот од Алое Вера е наменет за сите лица кои имаат проблеми со функцијата или заболувања на органите од дигестивниот систем (како гастритис, воспаленија на желудникот и цревата, недостаток на ензимска секреција, интолерантост кон храна, опстипација и др.), лица со нарушен имунитет и заболувања на дишните органи (чести бактериски и вирални инфекции на дишните патишта, бронхитис, бронхопневмонии, астма и други заболувања на белите дробови, како и лица со алергии), лица со нарушено здравје и функција на крвните садови, лица со малигни болести и потреба од регулација на целокупниот метаболизам. Може да го користат и деца над 3 годишна возраст.
Дозирање и начин на примена: Се препорачува внес на 10-15мл, 2-3 пати на ден пред oброк, зависно од потребите и состојбата (може да се земе и до 150мл на ден)