Dr.Viton Australian Pink Clay Mask 120ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Dr.Viton Australian Pink Clay Mask 120ml


  • Шифра: 0020329
  • Производител: Dr.Viton
440 ден.

 Dr.Viton Australian Pink Clay Mask 120ml.

Dr. Viton – Australian Pink Clay Mask е идеална детокс маска која ги отстранува нечистотиите од површинскиот, но и од подлабоките слоеви на кожата, експресно враќајќи го природниот сјај и блескавост на лицето.

Внимателно избраните состојки, ја прават Dr. Viton – Australian Pink Clay Mask погодна за сите типови, па дури и за чувствителната и сува кожа, помагајќи и да заздрави, да се повлече црвенилото и да го изедначи тенот на лицето.

РОЗОВАТА ГЛИНА  содржана во Dr. Viton – Australian Pink Clay Mask  е најдобрата од сите глини за лице, бидејќи е нежна, а  сепак  делува на многу нивоа на лицето и функционира така што од кожата ги собира вишокот маснотии, но не ја отстранува природната влажност, туку помага дехидрираната кожа да се врати во својата првична и здрава состојба.

Комбинацијата на розова глина со екстракти од цвет од хибискус, вештерска леска, лист од рузмарин, алги надополнета со алое вера, стероли од калинка, зелен чај, кокосово масло и витамините А и Е има ефект на пилинг за чистење на лицето кој длабински продира и ги чисти отровите од кожата. На тој начин лицето ги апсорбира сите останати хранливи состојки кои му ја враќаат виталноста , го штитат од стресорите од околината и помагаат за регенрација на клетките.

Балансираната комбинација на розовата глина и останатите состојки има брз и докажан ефект на намалување на црвенилото и иритациите кои се појавуваат од акни или други кожни проблеми, особено при купероза и розацеа.

НАЧИН НА УПОТРЕБА: На претходно темелно исчистена кожа, најефикасно со топла вода за подобро отворање на порите, нанесете еднаков слој од Dr. Viton – Australian Pink Clay Mask.

Откако ќе ја нанесете маската, не се обидувајте да ја размачкате бидејќи постепено ќе почне да се стврднува.

Оставете да делува на вашето лице од 10 до 15 минути, или додека е целосно не се исуши на лицето. Измијте ја со млака вода и нежно избришете го лицето со пешкир.

Доколку имате масна – комбинирана кожа користете ја 2 до 3 пати неделно, или 1-2 пати неделно доколку имате сува и сензитивна кожа.


ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!


Dr.Viton

Dr.Viton