NATURA SIBERICA Хиалуронски тоник за лице 150ml
- Шифра: 0019911
- Производител: Eurobio Lab, Estonia
NATURA SIBERICA Хиалуронски тоник за лице 150ml.
Овој органски тоник, базиран на органски хидролат од Сибирски мов, нежно ја чисти и тонира кожата. Освен прочистувањето, овој тоник истовремено и дава на кожата природен сјај и прекрасен рамномерен тен.
Хидролат е коктел од концентриран витамин и микроелементи добиени од растенија преку процес на дестилација. Производите за лице, базирани на хидролати, овозможуваат интензивна нега, оставајќи ја кожата мека и свиленкаста. Сибирскиот мов, рачно набран во дивината, својот ефект врз кожата го должи на високиот процент на уникатната усниска киселина. Хидролатот од органски Сибирски мов ја подмладува и затегнува кожата, и го успорува формирањето на фини линии. Органското сибериско масло од бор, е уникатен природен извор на полинезаситени масни киселини, витамин Е и Ф, кои што ја потхрануваат и омекнуваат кожата. Хиалуронската киселина длабински ја хидрира кожата, и ги подобрува нејзината затегнатост и еластицитет. Витаминот Е е моќен антиоксидант кој помага да се успори процесот на стареење на кожата.
20,1% состојки од органско потекло.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на вата, и нежно чистете ги лицето и вратот.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!