WELEDA Baby derma бел слез крем за лице 50ml
- Шифра: 0019450
- Производител: WELEDA
WELEDA Baby derma бел слез крем за лице 50ml.
Ја смирува и хидрира бебешката сува и атопична кожа.
Интензивна хидратантна нега за бебиња и деца со чувствителна и изразено сува кожа, склона кон дерматитис (неуродерматитис и атописки дерматитис). Белиот слез ја смирува иритираната кожа и црвенилото, ја чува природната хидратација на нежната бебешка кожа и го стимулира нејзиниот развој и отпорност кон надворешни влијанија. Без мириси. Дерматолошки тестирано.
Употреба: Нанесувајте секојдневно, на целото лице. Погодно и за возрасни со чувствителна, сува и атопична кожа.
Состав: Вода, кокосова масло, масло од семки од сончоглед, глицерин, алкохол*, масло од сладок бадем, пчечин восок, цетостерил-гликозид, глицерол стеарат, масло од семки од борач, масло од семе од шафран, несапунифицирано масло од сончоглед, хидрогенизирани коко-глицериди, екстракт од корен од бел слез, екстракт од шарена темјанушка, ксантан гума, лактат, глицерол-каприлат.
*алкохол од природно потекло кој се користи при процесот на екстракција на билни екстракти, кои се активни компоненти во природните и органски производи на Weleda. Овој алкохол се добива со ферментирање на органски одгледана пченица, на тој начин се елиминира и потребата од користење на синтетички конзерванси.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!