Jamieson Vitamin C 1000mg,100 таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Jamieson Vitamin C 1000mg,100 таблети


  • Шифра: 0018889
  • Производител: Jamieson
700 ден.

Jamieson Vitamin C 1000mg,100 таблети.

Производот JAMIESON VITAMIN C 1000 mg ја илустрира иновацијата на Jamieson производите и грижата за крајниот корисник. JAMIESON VITAMIN C 1000 mg е производ со аскорбинска киселина и природна мешавина од рутин, хесперидин, цитрус биофлавоноиди, ацерола и шипинка, кои синергистички ја зголемуваат неговата функција.

Важна карактеристика на витаминот Ц произведен во лабораториите Џејмисон е скриена во самата таблета. Таблетата се произведува со технологија за продолжено ослободување од 6-8 часа, најдолго продолжено ослободување кое ги исполнува фармацевтските стандарди.

Витаминот Ц е витамин растворлив во вода, а прекумерното количество во телото се излачува преку урината

Нашето тело може да апсорбира 1000 mg витамин Ц во период од 3 часа и да го елиминира целиот вишок преку урината.

Лабораториите Jamieson се погрижиле крајниот корисник да добие оптимална ефективна количина на витамин Ц (аскорбинска киселина) и затоа развиле уникатна технологија која обезбедува максимална апсорпција на производот (над 80%) во текот на продолжен период од 6-8 часа.

JAMIESON VITAMIN C 1000 mg:

    -придонесува за правилно функционирање на имунолошкиот систем
    -придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста
    -придонесува за функционирање на нервниот систем и нормалната психолошка функција
    -потребен е за правилно функционирање на крвните садови
    -придонесува за оптимален раст на коскениот колаген, ‘рскавицата и непцата
    -ги штити клетките од оксидативниот стрес и ја зголемува апсорпцијата на железото.
Начин на употреба : 1 до 2 обложени таблети во тек на едно деноноќие.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

Jamieson

Jamieson