Becutan multi immuno кесички за деца,14 ќесички :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Becutan multi immuno кесички за деца,14 ќесички


  • Шифра: 0017090
  • Производител: Alkaloid
355 ден.

Becutan multi immuno кесички за деца,14 кесички.

Becutan KIDS VITS мултиимуно претставува додаток во исхраната со вкус на портокал којшто содржи комбинација на витамини, минерали и пробиотик. Производот е формулиран како кесичка со две одделни прегради, при што секоја од нив содржи посебен прашок за растварање. И двата прашоци се раствараат заедно и истовремено. Во едната преграда се наоѓа прашокот што содржи витавини и минерали а во другата преграда се наоѓа прашокот што содржи пробиотиц (Lactobacillus rhamnosus GG). Прашокот за растварање Becutan KIDS VITS мултиимуно придонесува и за одржување на имунитетот кај детската популација.

Дејство:

    Витаминот Ц, витаминот А, витаминот Б6 и фолната киселина придонесуваат за одржување на нормална функција на имунолошкиот систем.
    Витаминот Ц, витаминот Е придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
    Витаминот Ц, пантотенска киселина, витаминот Б6, ниацинот и фолната киселина придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.
    Lactobacillus rhamnosus GG придонесува за одржување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Дозирање и начин на примена

Деца од 1 до 3 години: 1 кесичка на ден.

Деца над 4 години: 1-2 кесички на ден.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

Alkaloid

Alkaloid