NOW B-2 100mg капсули за возрасни,100 капсули
- Шифра: 0017686
- Производител: NOW
NOW B-2 100mg капсули за возрасни,100 капсули.
КАКО ДЕЛУВА VITAMIN B-2?
Рибофлавинот има клучна улога во претварањето на аминокиселините и мастите во аденозин-трифосфат (ATP), кој му ја дава потребната енергија на телото. Витаминот Б-2 учествува и во претварањето на витаминот Б-6 и фолната киселина во нивните активни коензимски форми, ја подобрува заштитата од слобоните радикали, така што е неопходен за регенерација на глутатионот кој го снабдува телото со природни одбрамбени механизми и системи на детоксикација, игра важна улога во разградување на мастите, протеините и јаглените хидрати, го поттикнува нормалниот развој и е многу важен за доенчињата, помага во синтезата на адреналин, стероиди, црвени крвни зрнца како и гликоген.
Апсорбцијата на овој витамин се одвива во горните партии на тенкото црево и е зголемена доколку тој се конзумира со друга храна. Тој се дистрибуира до сите ткива во мали концентрации, а мал дел од него се зачувува како резерва најмногу во ретината и црниот дроб. Се излачува преку урината каде придонесува за нејзината жолта боја.
Витамин Б-2, исто така познат како рибофлавин, е член на семејството на Б-витамини. Природно е присутен во зелениот зеленчук, црниот дроб, бубрезите, пченичните ‘ркулци, млекото, јајцата, сирењето и рибата.
ПОЛЕЗНОСТИ
- превенција на мигрена
- при улцерозен стоматит
- за одржување на физичката кондиција на врвните спортисти
- го зајакнува имунолошкиот систем
- ја потикнува концентрацијата
- ги превенира кожните заболувања (акни, дерматитис, егземи)
- го подобрува видот и го ублажува заморот во очите, превенција од катаракта и глауком.
Препорака за употреба: Земете 1 капсула дневно, со храна.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!