Utiemanoz Direkt кесички,,10 монодозни кесички :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Utiemanoz Direkt кесички,,10 монодозни кесички


  • Шифра: 0019260
  • Производител: PHARMANOVA
610 ден.

Utiemanoz Direkt кесички,10 монодозни кесички.

Утиеманоз е природен препарат со активни компоненти D-manoza и Ellirose добиен од цветот на хибискус, кој:

   - Помага кај акутни инфекции на уринарниот тракт предизвикани од Ешерихија коли
   -Спречува чести и повторени инфекции
    -Делува превентивно пред појавувањето на инфекцијата

Кого Ешерихијата најчесто го погодува?

Уринарните инфекции предизвикани од Ешерихија коли најчесто ги погодуваат младите сексуално активни жени, особено оние кои само што стапуваат во сексуални односи. Покрај нив, Ешерихијата се јавува и кај жените после мено пауза. Мажите се малку поретко погодени од уринарни инфекции, но кога ќе се јават проследени се со мошне непријатни симптоми:

    болка
    пецкење
    зачестено мокрење
    чувство на пецкање при мокрење

Што е вистинска доза на Утиеманоз?

Внимателно одбраните активни компоненти на Утиеманоз се ефикасна терапија и помош во превенција кај лица кај кои се присутни акутни и чести повторени инфекции на уринарниот тракт.

Утиеманоз се применува мошне едноставно:

Кај акутни инфекции на уринарниот тракт, една кесичка треба да се примени директно, со стопување во устата, или да се раствори во најмалку 50 ml вода, а по тоа после еден час да се испие дополнително поголемо количество вода (350-450 ml). Се препорачува Утиеманозот да се користи на овој начин 3-4 пати дневно, 3-4 дена.

Во превенцилата на повторливи инфекции, Утиеманозот се користи на истиот  начин, но еднаш до два пати дневно во период од три месеци.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.