Proculin Plus капсули за возрасни, 30 капсули
- Шифра: 0014982
- Производител: Alkaloid
Proculin plus капсули, 30 капсули ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ 1+1.
Состав
Две капсули содржат:
571,2 mg рибино масло (вклучувајќи 250 mg докосахексаеноична киселина – DHA; 80 mg витамин Ц; 12 mg лутеин + 0,6 mg зеаксантин; 12 mg природен витамин Е (во форма на D-алфа-токоферол); 10 mg цинк (во форма на цинк глуконат); 1,4 mg витамин Б2 (рибофлавин); 1 mg бакар (во форма на бакар сулфат); 800 mg витамин А (во форма на β-каротен); 56 mg селен
Фармацевтска форма
Меки капсули
Дејство
Капсулите Proculin Plus содржат комплекс од состојки неопходни за зачувување на видот и за заштита на очите од штетното дејство на таканаречените слободни радикали.
Ксантофилните пигменти лутеин и зеаксантин играат важна улога за одржување на функцијата на ретината.
Висококонцентрираното и пречистено рибино масло (збогатено со оптимална концентрација на DHA) придонесува за одржување нормален вид.
Витамините и минералите придонесуваат за заштита на очите од штетното дејство на слободните радикали и помагаат за зачувување на видот.
Proculin Plus е додаток во исхраната кој помага за одржување нормален вид и за заштита на клетките од оксидација.
DHA и витаминот А придонесуваат за одржување нормален вид. Витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид и за заштита на клетките од оксидација. Витаминот Е, витаминот Ц, бакарот и селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидација. Витаминот Ц придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста. Цинкот придонесува за нормален метаболизам на витаминот А.
Препорачана доза:
Една капсула дневно.