IMUNOBETA сируп за деца 200ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




IMUNOBETA сируп за деца 200ml


  • Шифра: 0015920
  • Производител: Esensa
690 ден.

IMUNOBETA сируп за деца 200ml.

Imunoβeta β-glukan сирупот во својот состав содржи бета-Д-глукан изолиран од печурката буковка (Pleurotus ostreatus) и витамин Ц.

Оваа комбинација на состојки придонесува во подобрување на имунолошкиот одговор и одбранбената реакција од вируси, бактерии, габички и сите останати микроорганизми и токсини кои претставуваат закана врз здравјето на организмот.

Едноставното дозирање и добриот вкус овозможуваат примена на Imunoβeta β-glukan сирупот и кај деца од 3 години. За деца од 1-3 години потребна е консултација со лекар.

Се препорачува кај:

Состојба на ослабен имунитет
Вирусни и бактериски инфекции
Зголемен стрес, замор и исцрпеност


Ефекти

Beta glukan е природен полисахарид, кој припаѓа на групата т.н. „модификатори на имуниолошкиот одговор“. Макрофагите (имунолошките клетки) претставуваат прва линија во одбраната на организмот од сите предизвикувачи на болести, зошто имаат способност за препознавање и елиминирање на туѓи тела, а beta glukan, со активирање  на макрофагите, го стимулира имуниолошкиот систем.

Корисен е и после хируршки интервенции како додаток во терапија со антибиотици, за брзо заздравување на рани, како и при изложеност на разни видиви на зрачења.

Витаминот C е најважен хидросолубилен антиоксиданс. Придонесува во правилната функција на имуниолошкиот систем, ги заштитува клетки од оксидативен стрес , го смалува заморот  и исцрпеноста.


Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!


Препорачана употреба на производот

За деца постари од 3 години и
возрасни се препорачува 1мл сируп на 5кг телесна маса еднаш на ден, во
траење од 2-4 недели. Пред употреба сирупот добро да се промати. Сирупот
се зема на празен желудник, навечер пред спиење или наутро.