DIAVRON таблети за дијабетичари, 30 таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




DIAVRON таблети за дијабетичари, 30 таблети


  • Шифра: 0013521
  • Производител: FORTEX
695 ден.

DIAVRON таблети за дијабетичари,30 таблети.

Состав: алфа-липоична киселина, полнител микрокристална целулоза, лактоза, средство за глазирање, полнител прежелатинизиран скроб, средства против стврднување магнезиум стеарат и силициум диоксид, тиамин хидрохлорид, пиридоксин хидрохлорид,  полнител кроскармелоза натриум, никотинамид, рибофлавин.

*НРВ (нутритивни референтни вредности)

Која е намената на DIAVRON 600

• Придонесува за намалување на чувството на заморот и исцрпеноста.

• Придонесува за нормален енергетски метаболизам.

• Придонесува за одржување на нормален метаболизам на протеини и гликоген.

• Придонесува за одржување на нормалната функција на нервниот систем и нормалната ментална функција.

Што е  ДИАВРОН 600 

ДИАВРОН 600   е додаток на исхрана со оптимална доза на алфа-липоична (тиоктинска) киселина и витамини од В-групата.

Тиамин, рибофлавин, ниацин и витамин В6 придонесуваат за нормален енергетски метаболизам и нормално функционирање на нервниот систем.

Тиаминот придонесува за нормална функција на срцето (срцева функција).

Рибофлавин придонесува за одржување на нормални црвени крвни зрнца, одржување на нормален вид, нормален метаболизам на железо и заштита на клетките од оксидативен стрес.

Рибофлавинот и ниацинот придонесуваат за одржување на нормална слузница и нормална кожа, го намалуваат заморот и исцрпеноста.

Ниацин, тиамин и витамин В6 придонесуваат за нормална психолошка функција.

Витаминот В6 придонесува за нормална синтеза на цистеин, метаболизам на хомоцистеин, нормален метаболизам на протеини и гликоген, нормално формирање на црвени крвни зрнца, нормална функција на имунолошкиот систем, намалување на замор и исцрпеноста и регулирање на хормоналната активност.


Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството! 

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

Дозирање: 1 таблета на ден , пред јадење со поголема количина на вода. Се препорачува продолжена употреба од најмалку 6 месеци. После тој период потребно е да се направи пауза од најмалку 1 месец или како што ви назначил вашиот доктор. Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да не се надминува препорачаната доза.

Да се чува на собна температура, на места недостапни за деца.

FORTEX

FORTEX