Femibion 2 таблети+капсули за трудници :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Femibion 2 таблети+капсули за трудници


  • Шифра: 0020141
  • Производител: Merck KGaA
1.170 ден.

FEMIBION 2 за бремени, од четвртиот месец на бременоста до крајот на периодот на лактација.

Метафолин, фолна киселина, витамини, јод и ДХА (Омега 3).

Ги исполнува специфичните потреби за жената од четвртиот месец на бременоста до крајот на периодот на доење.

ФЕМИБИОН® 2 со Метафолин® и ДХА е наменет за:

Бремени жени од 4-ти месец на бременоста
Мајки кои дојат
ФЕМИБИОН® 2 содржи 200 µг фолна киселина комбинирана со соодветна количина Метафолин® (вкупно 400 µg пресметано на фолати) со цел да се задоволи зголемената потреба во текот на бременоста и периодот на лактација.

Фолна киселина претставува неактивен облик кој организмот може да го користи кога ензимите ќе ја претворат во биолошки активен облик, метилфолат (Метафолин®).

Секоја втора жена не може во потполност да ја претвори фолната киселина во активен облик.

ФЕМИБИОН® 2 содржи биолошки активен облик на фолати, Метафолин®

кој организмот може веднаш да го искористи.

ФЕМИБИОН® 2 содржи ДХА (докозахексаенска киселина), високо незаситена масна киселина од група Ώ-3 масни киселини во форма на високо концентрирано рибино масло. Единствено морските риби се богати со ДХА, меѓутоа во текот на бременоста и лактација не е доволен внесот.

ДХА, активен облик Ώ-3 масни киселини, придонесува за:

-одржување на нормална функција на мозокот
-одржување на нормално функционирање на видот
Важно е плодот како и само што роденото бебе да бидат обезбедени со доволни количини ДХА преку мајката!

Значењето на јод во текот на бременоста:

-Придонесува за нормално функционирање на нервниот систем
-Придонесува за нормални когнитивни функции
П-ридонесува за нормална функција на тироидни хормони и нормално функционирање на тироидната жлезда
Значење на останатите витамини:

-Витамин Б1 придонесува во одржување на нормален енергетски метаболизам и снабдување на организмот со енергија
-Витамин Б2 придонесува во одржување на нормален енергетски метаболизам
-Витамин Б6 придонесува за нормален метаболизам на протеини
-Витамин Б12 придонесува за формирање на крвта и нормално функционирање на нервниот систем
-Витамин Ц придонесува за формирање на крвно ткиво, за одржување на одбрамбените механизми на организмот и за зголемена абсорпција на железото од храната
-Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес
-Биотинот придонесува за нормални мукозни мембрани
-Пантотенатот придонесува за метаболичките процеси за продукција на енергија
-Никотинамидот придонесува за одржување на функциите на кожата
-Фолатот придонесува за раст на плацентата за време на бременоста
Не содржи лактулоза и глутен!

Состав на таблети: калциум-Л-етилфолат (Метафолин), фолна киселина, тиамин-мононитрат (витамин Б-1), рибофлавин (витамин Б2), пиридоксин хидрохлорид (витамин Б-6), цијанокобаламин (витамин Б12), Д-биотин, никотинамид, калциум -Д-пантотенат, Д,Л-алфа-токоферилацетат (витамин Е), калциум -Л- аскорбат (витамин Ц), калиум јодид, докозахексаеноична киселина (ДХА), малтодекстрин, рибино масло;

Адитиви: микрокристална целулоза (Е460)- средство за зголемување на волумен, хидроксипропилцелулоза (Е464), Глицерол (Е422) згуснувач, рибен желатин, титан диоксид (Е171), железо оксид (Е172)-боја, магнезиумови солина масни киселини (Е470б), силициум- диоксид(Е 551), средство против стврднување, натриум цитрат (Е331), винска киселина (Е334), лимунска киселина (Е330)-регулатор на киселоста, прочистена вода.


Пакување:

Кутија со 30 таблети и 30 капсули.

Предупредување: 

Не се препорачува употреба во случај на хипертиреоза и хиперпаратиреоза!

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството! 

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!


Начин на употреба:

1 таблета и 1 капсула на ден, со вода.

Препорачаната дневна доза да не се надминува.