Femibion 1 таблети за трудници, 30 мултивитамински таблети 1+1 ГРАТИС :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Femibion 1 таблети за трудници, 30 мултивитамински таблети 1+1 ГРАТИС


  • Шифра: 0020268
  • Производител: Merck KGaA
715 ден.

ФЕМИБИОН® ЗА БРЕМЕНИ 1 со Метафолин® ги исполнува специфичните потреби на жената во репродуктивниот период, од моментот на планирање се до крајот на третиот месец од бременоста.

ФЕМИБИОН® 1 содржи фолна киселина, Метафолин® – активен облик на фолна киселина кој организмот може веднаш да го користи, 9 есенцијални витамини и јод.

ФЕМИБИОН® 1  е наменет за:

Жени кои планираат бременост
Бремени жени, до крајот на третиот месец од бременоста
Препорачаниот дневен внес на фолати од 400 µg не може да се обезбеди исклучиво преку исхрана (просечен внес е околу 50%).

Во текот на бременоста се зголемува потребата за фолати.

Фолна киселина претставува неактивен облик кој организмот може да го користи кога ензимите ќе ја претворат во биолошки активен облик, метилфолат (Метафолин®).

Секоја втора жена не може во потполност да ја претвори фолната киселина во активен облик.

ФЕМИБИОН® 1 содржи биолошки активен облик на фолати, Метафолин®
кој организмот може веднаш да го искористи.

Значењето на внесот на фолати во првото тромесечие на бременоста:

Спречува неправилности во формирање на невралната цевка
Придонесува за раст на плацентата за време на бременоста
Значењето на јод во текот на бременоста:

Придонесува за нормално функционирање на нервниот систем
Придонесува за нормална функција на тироидните хормони и нормално функционирање на тироидната жлезда
Придонесува за нормални когнитивни функции
Значење на останатите витамини:

Витамин Б1 придонесува во одржување на нормален енергетски метаболизам и снабдување на организмот со енергија
Витамин Б2 придонесува во одржување на нормален енергетски метаболизам
Витамин Б6 придонесува за нормален метаболизам на протеини
Витамин Б12 придонесува за формирање на крвта и нормално функционирање на нервниот систем
Витамин Ц придонесува за формирање на крвно ткиво, за одржување на одбрамбените механизми на организмот и за зголемена абсорпција на железото од храната
Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес
Биотинот придонесува за нормални мукозни мембрани
Пантотенатот придонесува за метаболичките процеси за продукција на енергија
Никотинамидот придонесува за одржување на функциите на кожата

Состојки: калциум-л-метилфолат (Метафолин®), фолна киселина, тиамин мононитрат (витамин Б1), рибофлавин ( витамин Б2), пиридоксин хидрохлорид ( витамин Б6), цијанокобаламин(витамин Б12), Д-биотин, никотинамид, калциум- Д- пантотенат, Д,Л-алфа-токоферилацетат (витамин Е), калциум – Л- аскорбат (витамин Ц), калиум јодид,малтодекстрин.

Адитиви: микрокристална целулоза (Е 460)- средство за зголемување на волумен, хидроксипропилцелулоза (Е 463), хидроксипропилметилцелулоза (Е 464),глицерол (Е422), модифициран пченкарен скроб -згуснувач, титан диоксид (Е171), железо оксид (Е172)- боја, магнезиумови соли на масни киселини ( Е 470б)  – средство за одржување на влажноста,  титан диоксид (Е171), железо оксид (Е172)- боја, магнезиумови соли на масни киселини ( Е 470б),силициум-диоксид (Е551)- средство против згуснување,натриум-цитрат (Е331), винска киселина (Е334), лимунска киселина (Е330)- регулатор.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!


За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!


Начин на употреба:

Се зема една таблета на ден со вода .

Се препорачува употреба од моментот на планирање, во текот на бременоста и се до крајот на третиот месец од бременоста.

Препорачаната дневна доза да не се надминува.

Предупредување: Не се препорачува употреба во случај на хипертиреоза и хиперпаратиреоза!