Silymarin таблети за возрасни, 30 таблети
- Шифра: 0003304
- Производител: Belupo
Silymarin таблети за возрасни,30 таблети.
Една капсула Silymarin содржи 156,7-191,6 mg екстракт (kako сув екстракт, рафиниран инормиран) од Silybum marianum L.Gaertner, fructus (плод од млечен трн) (24-27:1)
што одговара на 100 mg силимарин изразено како силибинин.
Silymarin е растителен лек на база од плодот на млечен трн.
СИЛИМАРИН капсулите се применуваат при нарушување на функцијата нацрниот дроб кај следниве болести и состојби:
– хроничен хепатис Б и Ц (воспалителна болест на црниот дроб)
-оштетување на црниот дроб поради изложеност на алкохол со престанок на внесување на алкохолни пијалаци во организмот
-цироза на црн дроб
Земање на лекот СИЛИМАРИН со храна или со напиток СИЛИМАРИН капсулите потребно е да се земаат после јадење.
Не се препорачува конзумирање на алкохолни пијалаци за време на терапијата со СИЛИМАРИН капсулите.
Бременост и доење
Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек!
За време на бременост СИЛИМАРИН капсулите може да се применуваат само кога тоа е строго индицирано и во договор со лекарот.
Заради недоволно податоци, примената на СИЛИМАРИН капсулите не се препорачува кај доилки.
Влијание врз способноста за возење и ракување со машини Нема податоци за влијанието на СИЛИМАРИН капсулите врз способноста за управување со возила или машини.
Начин на употреба:
Препорачана доза на почетокот на лекувањето и во случај на потешко оштетување на функција на црниот дроб се две капсули два пати на ден во тек на 8 седмици.
Во случај на полесно оштетување на функцијата на црниот дроб, од почеток на лекувањето се препорачува земање на една капсула два пати на ден.