Duobiotic капсули,10 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Duobiotic капсули,10 капсули


  • Шифра: 0010765
  • Производител: PHARMANOVA
265 ден.

Duobiotic капсули,10 капсули.

ПОМОШ ВО ЗАЧУВУВАЊЕТО НА ЗДРАВА ЦРЕВНА ФЛОРА
Високата концентрација на пробиотик придонесува за:

  -  воспоставување на балансот на цревната микрофлора
  -  регулирање на работата на цревата и на варењето

ДуоБиотик® содржи и пробиотик и пребиотик. ДуоБиотик® капсулите се добиваат со патентиран процес на микроенкапсулација на култура на квасец, Saccharomyces boulardii, кој овозможува максимална заштита кон желудочната киселина, голема биорасположливост на живите организми во цревата и постигнување на брз ефект.

Пробиотичката култура Saccharomyces boulardii во составот на овој препарат, за разлика од бактериските култури кои најчесто се користат како пробиотици, е природно отпорна на киселата средина на желудникот. Пребиотиците не се живи микроорганизми, туку несварливи јаглени хидрати кои служат како храна на „добрите“ бактерии во дебелото црево. Тие се од растително потекло и овозможуваат пораст и поголема активност на корисните бактерии.

ДуоБиотик® се препорачува на возрасни и деца постари од 3 години: кај пореметена функција на цревата, кај лица со лоши навики во исхраната и лица кои се под постојан стрес.

ДуоБиотик® ја подобрува функцијата на цревата и го регулира варењето, помага во одржувањето на здрава микрофлора на цревата и повторно го воспоставува природниот состав на нарушената микрофлора, учествува во јакнењето на имунитетот и поволно влијаа врз здравјето на организмот.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.