Defendyl сируп за деца 120ml
- Шифра: 0013518
- Производител: MEDIS
Defendyl сируп за деца 120ml.
Сирупот Defendyl-Imunoglukan P4H® е додаток во исхраната со Imunoglukan и витамин Ц за поголема отпорност за деца на предшколска возраст.
Го препорачуваме:
-за зајакнување на отпорноста при поаѓање во градинка -во сезона на настинки (септември – март) -кога децата се во контакт со заболени -кај деца кај кои инфекциите често се повторуваат (настинки, односно вирози, ларингитис, бронхитис, воспаление на ушите, ангина) -кај ослабен имунолошки систем по закрепнување од одредена болест или по операција -при прележување сипаници
Погоден за вегетаријанци и за дијабетичари.
Не содржи: глутен, алергени: (млечни белковини, лактоза, јајца, риба, кикирики, сусам, соја, ореви, целер, синап, ракови и мекотели), алкохол, вештачки засладувачи и ароми.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството! За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!
Употреба:
За поддршка на работата на имунолошкиот систем, земајте по 1 мл сируп/5 кг телесна тежина, еднаш дневно, 2 до 3 месеци.
При зголемени потреби, барем првите три дена земајте двојна доза (2 мл сируп/5 кг телесна маса) еднаш дневно, потоа продолжете со доза од 1 мл сируп/5 кг телесна маса, додека не го потрошите пакувањето.
Сирупот земајте го на празен стомак, наутро, половина час пред појадокот или навечер, пред спиење. Пред употреба, добро протресете го шишенцето.