Sideral Forte капсули за возрасни,20 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Sideral Forte капсули за возрасни,20 капсули


  • Шифра: 0012270
  • Производител: Biofarma SpA.
1.000 ден.

Sideral Forte капсули за возрасни,20 капсули.

SiderAL® Forte е додаток во исхраната кој содржи Сукрозомално Железо® 30mg и Витамин Ц. Се користи при нутритивен дефицит од железо или кога има потреба од привремено зголемен внес на железо во организмот.
Сукрозомалното железо® е иновативна формулација со која се избегнуваат сите несакани ефекти кои се поврзани со земањето препарати со железо (мачнина, гадење, повраќање, пребојување слузница, заби и фецес, опстипација или дијареа, метален вкус во устата). Ваквата формулација овозможува храната и пијалоците да не вилјаат на неговата апсорпција, а земената доза да се апсорбира во потполност, без губиток.
Сукрозомалното железо® во SiderAL® Forte ќе овозможи, висока апсорпција, висбиораспололивост, одлична подносливост и надополнување на железото без несаканите ефекти.
SiderAL® Forte се препорачува кај лица со ниски вредности за хемоглобин, хронични гастроентеролошки болести, онколошки пациенти кои имаат железодефицитна анемија, нефролошки пациенти, пациенти кои имаат малнутриција или лица кои имаат рестрикции во исхраната од различни причини.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!